r/mkd • u/GreatStrategist26 • 17h ago
Дали во Македонија ќе се памети времето пред и после Грујо?
Гледам дека на обична дебата за Глигоров луѓето имаа различни мислења, што е и очекувано, човекот не може да им се допадне или да биде добар за сите.
Кое е вашето мислење за констатацијата во насловот, дали од сегашна дистанца, речиси 10 години по неговото заминување од власт и активно бавење со политика (можеби е краток период, ама ајде како некој репер...) модерната историја на независна Македонија ќе се мери пред и после Груевски?
Мое мислење е дека неговите најголеми успеси се исклучиво во економијата каде ја намали невработеноста и донесе доста странски инвестиции, сепак нема споредба, бидејќи претходно дали и човек влегуваше во тие ливадите кои требаше да бидат зони. Инфраструктурно сметам дека предоцна ги почна автопатите (2013-4 ако не се лажам), на сметка на Скопје 2014.
Останатото што е за критикување би го критикувал како и сите: ја зароби државата, се опкружи со газолижачи и куртони од типот на Латас, Миленко и слична багра. Медиумски никогаш не било полошо, па и во поглед на демократијата, мислам најниски оценки имавме.
Но, како и вообичаено на Балканот, нема „и јаре и паре“. Во државотворен капацитет и одлуки во корист на државата мислам нема споредба, особено ако анализираме кои акмаци дојдоја после него:
- Црепот од Муртино
- Таче од Куманово
- Мице на Тате